Почекајте до полноќ пред да го наполните резервоарот: Ова се новите цени на горивата

 

Се намалуваат цените на бензините за половина денар и на дизелот за еден денар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, еуродизел ќе се продава за 68,5 денари, БС – 95 за 74,5, а БС – 98 за 76,5 денари. Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари за литар и ќес е продава за 68 денари, а на мазутот за 0,159 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,786 денари.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,391 отсто, кај дизелот за 3,169, кај екстра лесното масло за 3,989 и кај мазутот намалувањето е за 0,667 отсто“, информираат од Регулаторната комисија.

11.08.2025 - 14:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега