Тамара се прости од Андреј: Срце планина - Оставете ја "шупата", нека сведочи колку сме мизерни
Македонската пејачка Тамара Тодевска скршена од болка се огласи на социјалните мрежо по трагедијата во Кочани.
- Најмангуп беше од сите. Срце планина. Толку искрен и реален. Ретко кој можеше да те сфати. Секогаш ќе те паметам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор. Патувај и пеј горе. Ќе фалиш бескрајно, напиша таа по веста за смртта на Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК.
Таа се прости и од сите други членови на бендот со уште еден пост.
- Денеска не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна... разочарана. И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку. Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби... Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент... Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше...Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупцијa. Нас ни нема спас. Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани... до следната трагедија, напиша таа.
Во пожарот во Кочани, во дискотеката Пулс, загинаа 59 лица а стотина се повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа