Татко на загинато дете во пожарот: Имав едно дете и ми умре, не ми треба живот луѓе

 

Трагедијата која се случи во дискотеката Пулс во Кочани ја зави цела Македонија во црно, однесе 59 животи, и остави стотина повредени.

Татко кој го загубил синот единец во страшниот пожар кој настана на настапот на ДНК во дискотеката, вели дека неговиот син единец имал само 21 година и допрва требало да живее.

- „Имав едно дете, и тоа ми умре… 150 души во една дискотека, 500 души во една дискотека… 21 година мојот син имаше, само што почна да живее. За што ќе ми е живот, не ми треба живот повеќе… Едно дете имав, не ми треба живот луѓе“, изјави таткото.

 

17.03.2025 - 09:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега