Македонската пејачка откри: "Да се помолиме за Панчо, состојбата му е влошена"
Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски се огласи на Фејсбук за состојбата на Панчо од ДНК, кој е префрлен на лекување во Систина, по настапот во дискотеката Пулс која изгоре во Кочани и со себе однесе 59 животи, а остави стотина повредени.
- „Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 гоедини. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот. Панчо мил, Те молам не се предавај!!!, напиша таа.
Вели дека Владимир е во Систина, а состојбата му е влошена.
- "Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е“, напиша Ребека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа