Србија погодена од силно невреме

 


Силно невреме со пороен дожд, грмежи и град го погоди поголемиот дел од Србија.

Најпогодени се Срем, западна Србија, Краљево, околината на Топола и јужен Банат, каде паѓаше град со големина на лешник. Поради поројниот дожд, улиците во Пријепоље беа поплавени, а во близина на Смедерево дел од автопатот беше оштетен. Во Белград сообраќајот беше отежнат поради силните врнежи и грмежи.

РХМЗ претходно издаде предупредување за нестабилно време во следните четири дена.

22.04.2025 - 19:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега