Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск

 


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск кој ќе се одржи во сабота на 26-ти април во Рим. Ова попладнево го соопштиле од Кабинетот на шефицата на државата.

Светот се простува од Франциск. Ватикан објави дека е запечатена неговата официјалната резиденција. Неговата светост почина од мозочен удар и срцева слабост. Се закрепнуваше од двојна пневмонија поради која беше хоспитализиран пет недели. Ужалени верници во катедралите во светот оддаваат последна почит.


135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата Столица да присуствуваат на погребот и општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последна желба на папата е да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во центарот на Рин, наместо во базиликата „Свети Петар“.

Од останатите светски лидери, претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе присуствуваат на погребот. И францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека ќе присуствува. Се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се појави во Рим.

Сиљановска-Давкова веќе се огласи на социјалните мрежи по смртта на папата. Таа објави по што ќе го памети поглаварот на Римокатоличката црква.

-Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност, напиша Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Франциск.

22.04.2025 - 19:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега