Спасовски: МВР нема доволно докази за петте мафијашки убиства
МВР нема докази за петте мафијашки убиства кои се случија на улица Рузвелтова, во Чаир, во Бутел, во Шиша Бар, во хотелот Александар Палас – сите поврзани со истите криминални банди. Ова во интервју за Радио слободна Европа го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој притоа како аргумент наведува дека станува збор за само пет од 128 кривични дела по кои постапувала полицијата.
„Ако гледате процентуално ќе видите колку е висок процентот на расчистување на кривичните дела. Точно е тоа што го изнесувате како факт и тие се случаите 5 кои вие ги набројавте во кои немаме до крај обезбедено докази за извршување на кривичните дела. Меѓутоа тоа се само пет од 128“, вели Спасовски во интевјуто за Радио слободна Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа