Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани со солзи поднесе оставка

 


Советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова, низ солзи поднесе оставка од функцијата советник. Таа побара извинување од граѓаните кои го дале нивниот глас поради многу работи кои не биле реализирани а ветени од нивна страна.

„Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството. Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси, а не се водеоа од доктрината на нашата политичка партија донесена во 2021 година“ истакна Атанасова-Арсова.


 

„Јас во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени. Процесот ќе биде многу долг и многу напорен и јас ќе се борам за сите нив и со сите мои сили и никогаш нема да заборавам дека сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“, кажа советничката Атанасова-Арсовска.

14.04.2025 - 15:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега