Сообраќајна несреќа во Куманово: Повредени шест лица, меѓу кои четворица полицајци

 


Вчера во 19.34 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Благој Илиев Гуне“ и „Страшко Симонов“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки,  управувано од Љ.Љ.(38) од Куманово и патничко моторно возило „голф“ сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ. и неговиот сопатник Б.А.(45) и четири полициски службеници од возилото на МВР.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

14.03.2025 - 16:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега