„Ја направив најголемата грешка во мојот живот“, Вучиќ жали што ги помилувал студентите
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека донел одлука за помилување на 12 лица и ја направил најголемата грешка откако станал претседател, објавија српските медиуми
Тој рече дека оваа одлука ја донел неодамна како исполнување на третото барање на студентите.
„Направив нешто за што горко се каам. И ќе се каам цел живот. Не донесов одлука да помилувам ниту едно лице во изминатите осум години откако сум претседател. Донесов одлука да помилувам дванаесет лица и да спречам кривично гонење. И ја направив најголемата грешка откако станав претседател“.
14.03.2025 - 20:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа