Човечки коски откриени при ископ во двор на амбуланта во Илинден
Вчера во 10.43 часот во Полициското одделение Петровец, било пријавено дека при ископ на дупка за шахта во двор од амбулантата во нас.Илинден, скопско, која во моментот се реновира, биле пронајдени коски слични на човечки коски.
Коските биле дадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
14.03.2025 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа