Со месеци ќе работи да ја плати: Изречена една од најголемите собраќајни казни на македонските патишта
На 01.10.2024 во 12.05 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.Н.(63).
При контролата било утврдено дека тахографот од возилото не е баждарен, односно е истечен од јануари 2024 година.
За настанот бил известен дежурен инспектор од Државен инспекторат за транспорт, кој излегол на местото и на возачот му изрекол глоба во висина од 3.900 евра.
02.10.2024 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа