ОН: Повеќе од 3,5 милијарди луѓе живеат без безбедни тоалети
Повеќе од 3,5 милијарди луѓе се уште живеат без безбедни тоалети, вклучувајќи 419 милиони луѓе кои користат „полски тоалети“, објавија денеска Обединетите нации по повод Светскиот ден на тоалетите под слоганот „Тоалетите, место за мир“.
Целта на кампањата е да се подигне свеста за тоа како неисправните или несоодветните санитарни системи влијаат врз животите на луѓето и да покаже колку одржлива санитација е неопходна за здраво и стабилно општество.
„Безбедни тоалети за сите до 2030 година“ е една од целите на одржливиот развој, но светот сериозно скршнување од патот, соопшти ОН, додавајќи дека за милијарди луѓе санитарните услови се загрозени од конфликти, климатски промени, катастрофи и запоставување.
Санитариите се човеково право, владите мора да се погрижат канализациите и водоводните системи да бидат отпорни, ефикасни, заштитени и достапни за сите.
Обединетите нации посочуваат дека конфликтите, екстремните временски настани и катастрофите можат да ги уништат, оштетат или нарушат санитарните услуги, наведувајќи дека кога тоалетните системи не функционираат или не постојат, нетретираниот човечки отпад се шири во околината, ослободувајќи смртоносни болести како што е колерата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа