Ужас во Романија: Момче ја убило 16 годишната девојка
Страшно злосторство се случило во романскиот град Бакау кога 21-годишен маж ја убил својата девојка (16), а потоа ја запалил куќата во која била нивната ќерка.
Бебето старо само осум месеци во последен момент го спасил братот на осомничениот. За среќа, иако бил млад, на само 11 години, бил свесен што се случува и што треба да направи, пишуваат романските медиуми.
Го зел бебето во раце и побегнал од запалената куќа. Но, за жал, девојчето дотогаш веќе добило изгореници.
Бебето било примено во болницата во Јаши со изгореници на речиси 30 отсто од телото. Како што велат лекарите, малечката е во тешка состојба.
На осомничениот маж (21) му е одредена мерка притвор до 24 часа. Полицијата интензивно го истражува случајот и наскоро ќе има претстава што се случувало пред убиството и пожарот.
Трагедијата се случила во ноќта од саботата кон неделата, а според првите информации мажот прво ја убил девојката, а потоа ја запалил куќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа