Пензионерка од Германија „како на филм“ надмудрилa измамници од Србија
Српски државјанин (19) е уапсен во Германија откако смислил измама со други членови на криминална група, но наместо да измами постара жена (82) да им даде 200.000 евра, таа го намамила во стапицата, пренесува Нова.рс.
Полицијата на Горна Баварија соопшти дека е уапсен млад човек (19) поради сомнение дека се обидел да измами жена од општина Дахау во Баварија. Група измамници во петокот попладне во 15.00 часот контактирала 82-годишна старица. Во телефонски разговор и било кажано дека нејзината внука направила тешка сообраќајна несреќа и дека затворот може да го избегне само со уплата на депозит од 200.000 евра.
Меѓутоа, постарата жена очигледно ја увидела намерата на овие измамници и ги надмудрила така што ги „држела“ на линија, исто како на филмот.
„Телефонскиот разговор благодарение на вештиот пензионер траеше повеќе од два часа. Во текот на разговорот таа успеала да повика полиција и да ја извести за тоа што се случува“, соопштија од полицискиот штаб на Горна Баварија, а пренесува pfaffenhofen-today.de.
Договорот бил еден од измамниците да дојде пред нејзиниот имот и да ги земе парите.
Но, наместо старицата, полицијата наишла на 19-годишен млад човек од Србија, која веднаш го привела.
Во саботата бил донесен на распит, а потоа бил сместен во воспитно-поправен дом.
По други членови на групата е распишана потерница, а истрагата продолжува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа