Со автомобил возел на велосипедска патека, пронајден е и санкциониран

 

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. „Бутелска”, МВР известува дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16:30 часот.

Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С. (43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба.

24.04.2025 - 21:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега