Со Албанска рап песна тргнал да убива: Се појавија нови детали за напаѓачот во Виена

Австриската полиција доби видео што може да расветли голема непозната во терористичкиот напад на 2 ноември, а тоа е прашањето како терористот Кујтим Фејзулаи дојде вооружен во центарот на Виена.

На видеото се гледа како маж, на совозачкото седиште, седи во автомобил БМВ со автоматска пушка меѓу нозете, ист вид оружје употребено во нападот во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа повредени.

 

Според неделникот „Профил“, полицијата го добила ова видео од 10 секунди ноќта на нападот, а сега се појави во јавноста.

Во позадина се слуша албанската рап песна „Ак47“ од пејачот Нуш.

Полицијата утврдила дека оружјето што се гледа на сликата е автоматска пушка „застава М70“, истата што ја користел Фејзулаи во терористичката операција.

Видеото е објавено на две групи во WhatsApp, а еден од членовите на тие групи бил во контакт со напаѓачот во неделата пред атентатот.

Исто така, 21-годишникот е сопственик на црно BMW 321i, поради што е осомничен дека го возел терористот, а со тоа учествувал и во нападот.

Покрај тоа, во јавноста стигнаа нови информации за 20-годишниот Фејзулаи, кој, по предвременото ослободување од притвор, барем еднаш бил на сослушување во Службата за заштита на уставноста и борба против тероризмот.

Тој бил испрашуван за луѓе од исламистичката сцена.

Виенската полиција потврди дека спровела „анализа на опасност“ во јануари годинава, а во февруари од Фејзулаи беше одземен австриски пасош.

Магистрат 20 објави дека Фејзулаи се обидел да му ја земе личната карта, но полицаецот видел дека е осуден за тероризам, па го одбил неговото барање и побарал одземање.

Фејзулаи имал државјанство на Австрија и Македонија, од каде потекнуваа неговите родители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега