МВР со детали за сообраќајката во која скопјнец загина под својот прозорец, повреден и сопатникот на моторот

 


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.

Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

02.07.2025 - 12:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега