Пресек на пожари до 21 часот: Моментално беснеат четири

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја информира јавноста дека заклучно со 21:00 часот на денешниот ден, на територијата на државата се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои:
4 активни пожари
18 изгаснати пожари.
Активни пожари (4):
Општина Прилеп: с. Бешиште (приземен пожар во квалитетна мешана шума), додека кракот кај с. Градешница (опш. Новаци) е сè уште активен.
Општина Валандово / Општина Богданци: с. Грчиште и с. Паљурци – с. Богданци (пожар во ниска вегетација и мешана ниска шума).
Општина Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума).
Општина Старо Нагоричане: с. Длабочица (мешана шума, бор и мешана шума).
Изгаснати пожари (18):
-Општина Шуто Оризари 1: ресторан „Њу Стар“ (ниска вегетација, ѓубриште).
-Општина Шуто Оризари 2: ул. Хаџи Јован Шишков (ниска вегетација и ѓубриште).
-Општина Центар 1: ул. Самоилова б.б (ниска вегетација).
-Општина Центар 2: ул. Самоилова б.б (ниска вегетација).
-Општина Карпош: с. Бардовци (ниска вегетација и ѓубриште).
-Општина Радовиш: према Јуручките села (ниска вегетација, грмушки и ниска шума).
-Општина Гратско: с. Грнчиште (ниска вегетација).
-Општина Демир Капија: с. Дуброво (ниска вегетација).
-Општина Гостивар 1: с. Равен (ниска вегетација).
-Општина Гостивар 2: с. Врапчиште (ниска вегетација).
-Општина Кичево: населба Бичинци (ѓубре).
-Општина Дебар: с. Баниште (ниска вегетација).
-Општина Кочани: ул. АСНОМ, касарна Кочани (ниска вегетација).
-Општина Делчево: с. Стамер (ниска вегетација).
-Општина Липково: с. Ваксинце (ниска вегетација).
-Општина Битола: населба Баир (ѓубриште).
-Општина Прилеп 1: с. Мало Коњари (стрниште).
-Општина Прилеп 2: место викано Три Багреми (ѓубриште).
ЦУК останува во континуирана комуникација со сите надлежни служби и ги следи состојбите на терен со цел навремено и координирано делување.
АПЕЛИРАМЕ до граѓаните за внимателно однесување во природа и навремено пријавување на евентуални пожари на бесплатниот број 112, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.
02.07.2025 - 22:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа