Следната недела средба Мицкоски - УПОЗ

 

Премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на идната недела ќе се сретне со претставниците на Синдикатот на УПОЗ кои преку протест бараат нов Колективен договор и зголемување на платите за 30%.

-Ние често пати зборувавме дека начинот којшто го одбраа синдикалците не е начин за да се реализираат барањата и да се надминат сите овие работи. Апсолутно, следната недела, на почетокот, ќе се сретнам. Нормално во зависност од расположливото време нивно. Денеска по овој настан ќе појдам во Владата, имам од 14 часот редовни состаноци. Да видам каков е распоредот, ќе им предложиме два-три термина, нека изберат еден, ќе се сретнеме, ќе разговараме, ќе ги анализираме заедно работите, рече Мицкоски.

Вели, се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет.

-Ќе можеме и таму да разговараме, така што, само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение коешто ќе биде успешно, рече Мицкоски. 

24.01.2025 - 14:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега