Силна експлозија во Турција - повредени се четири лица
Најмалку четири лица се повредени денеска во силна експлозија што се случи во областа Коџаели, која се наоѓа на 95 километри источно од Истанбул, јавија турските медиуми.
Експлозијата се случила во 14 часот и 40 минути во еден од магацините на пристанишниот град Деринџе на Мраморното Море. Во областа се испратени возила на Итна помош, пожарникари и полиција.
Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајгун соопшти дека во експлозијата се повредени четири лица, јави државната телевизија ТРТ-Хабер.
Повредените се хоспитализирани.
Ајгун за ТРТ-Хабер истакна дека експлозијата била толку силна што луѓето мислеле дека станува збор за силен земјотрес.
Густ чад се гледа од многу места во областа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа