Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд

 

Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на Нов Зеланд, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Геолошкиот институт на САД.

Нема извештаи за повредени или причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под океанското дно, 300 километри југозападно од Инверкаргил, кој е и најјужниот и најзападниот град во Нов Зеланд.

Нов Зеланд се наоѓа на таканаречениот Тихоокеански огнен прстен, кој е најсеизмичкиот регион на Земјата. Земјотресите и вулканските ерупции таму се чести.

29.04.2025 - 19:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега