МВР со детали за вчерашната драма во која таксист качен на возилото не дозволувал да го земе пајак
Вчера во 12 часот на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ.(57) од Скопје, поради тоа што додека со пајак возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
29.04.2025 - 16:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа