Орце Ѓорѓиевски со поддршка за Тошковски: Се апси и уште ќе се апси бидејќи дадовме збор
Апсолутна поддршка за мојот драг пријател и најдобар министер за внатрешни работи во историјата на Македонија!
Панче е човек со кого се познаваме повеќе од деценија и точно знам за каков човек се работи - за неговата посветеност, професионалност, борба за правда и сочувство во трагедиите.
И да, плаши и треба да ве плаши тоа што нема повеќе ,,како до сега”, нема ,,наши” или ,,ваши” и нема повластени.
Се апси и уште ќе се апси бидејќи дадовме збор дека ќе ја донесеме правдата во оваа држава!
И правда ќе има! И допрва ќе се апси сѐ што имало и најмала допирна точка со криминал и корупција, напиша на ФБ, Градоначалникот на Гази Баба, Орце Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа