Силен земјотрес ја погоди Грција- потресот почуствуван речиси на целиот Балкан

Силен земјотрес ја погоди Грција околу 11:15 часот, а епицентарот на земјотресот бил на 121 километар југозападно од Солун. Според првите информации од грчкиот сеизмолошки институт, јачината на земјотресот била 6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 7,8 километри во близина на Еласона во близина на Лариса.

ЕМСЦ известува дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени, а бил почувствуван речиси во целиот регион, па и во Македонија.

Според грчките медиуми, следел последователен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега