Си изградил куќа без дозвола - сега ќе ја сруши
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(41) од Скопје, со живеалиште во охридското село Елшани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катастарска парцела во селото, изградил куќа без соодветна дозвола издадена од надлежен државен орган, што било констатирано од извршен инспекциски увид.
23.11.2023 - 17:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа