Шилегов: Усвоен регистарот на имиња – „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“ се враќаат во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва информираше дека Советот на Град Скопје ја усвоил листата на регистарот на имиња на улици во главниот град.

-Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“... се враќаат во нашето Скопје, кратко напиша Шилегов на Фејсбук.

Новата промена на имињата предизвика бурни реакции во јавноста, особено откако на предлог-листата се најдоа Дејвид Боуви, рок-групата Квин, документарецот „Медена земја“ и други.

 

Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка ... се враќаат во нашето Скопје !!!

Posted by Петре Шилегов on Tuesday, 23 February 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега