Сенатот го послуша Трамп – едногласно гласаа за забрана на ТикТок

Сенатот на Соединетите Американски Држави едногласно го потврди законот со кон на вработените во федералните служби им се забранува користење на апликацијата ТикТок на службените електронски уреди.

Апликацијата беше на мета на американските власти бидејќи е во сопственост на кинеска компанија.

Таа има рок до 15 септември да ја продаде популарната апликација за размена на кратки видео-клипови на „Мајкрософт“ или да се соочи со целосна забрана во САД.

И додека во тек се преговори меѓу за купо-продажба, Трамп во своите желби отиде чекор понапред – бара дел од колачот и за државата.

Според кинеските закони, тамошните компании имаат обврска да поддржат и да соработуваат со разузнавачките служби.

Минатиот месец Претставничкиот дом гласаше за забрана со што се исполнија условите Законот да стапи во сила.

Од ТикТок претходно соопштија дека нивниот најголем приоритет е да промовираат сигурно опкружување кое ја чува приватноста на корисниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега