Семејно насилство во Гостивар: Маж нападнал три лица и се обидел да ја грабне ќерката

 


Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К.(36) од Гостивар.

-Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата поранешна сопруга, нејзината мајка и нејзиниот партнер, а потоа со употреба на сила се обидел да ја земе неговата малолетна ќерка, за која старателството било дадено на поранешната сопруга, информираат од СВР Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

28.03.2025 - 12:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега