Семејно насилство во Гази Баба: Маж ја претепал својата 22-годишна невенчана сопруга
Нов случај на семејно насилство бележи полицискиот билтен на подрачјето на Гази Баба, во текот на вчерашниот ден. Согласно информациите на полицијата, маж ја претепал својата 22-годишна невенчана сопруга.
„На 26.11.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје, 22-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Гази Баба била физичка нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.Ј.(25) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се наведува во полицискиот билтен.
27.11.2023 - 17:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа