Села: Време е за новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија

 Предизборниот карван на коалицијата „Сега е време“ одржа два предизборни собири во Гостиварско, на кои присуствуваа лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Сеља и кандидатите за пратеници во шестата Изборна единица од Коалицијата „Сега е време“.

При посетата на Дебреше, едно најголемите села во Гостиварско, Сеља го побара гласот за коалицијата за која, како што рече, ќе ги заштити интересите на Албанците и повика на фер изборен процес.

Во Гостивар во градскиот парк на отворено, Сеља и генералниот сектретар на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари имаа обраќања пред помладите сопартијци при што ја нагласија опасноста од комарот. Сеља вети дека ќе бара начин со кој казината кои се во близина на школите да бидат отстранети. Тој се осврна и на владеењето на ДУИ.

– Од ДУИ тврдат дека се реформирани, но тоа не го направиле и нема. Од друга страна, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива остануваат субјекти со најчисти личности кои никогаш не извалкаа рацете во криминал и корупција и докажаа дека можат да се управува поинаку ако им се даде можност. Така е со општината Гостивар и Министерството за културата. Сега е време овие срамни политичари да ја добијат казната што ја заслужуваат и да дојде новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија, рече Сеља

Тој ја побара довербата на гостиварци за да им помогнат и да се дојде до промената и појасни дека со заокружување на бројот 5 коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе направат државата да биде за сите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега