Се судрија автомобил и мотоцикл во Струга, тешко повредена 27-годишна девојка
Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на с.Калишта, Струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(42) и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од Р.Н.(28), двајцата од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П.(27) од Струга, сопатничка на мотоциклот, додека мотциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
23.06.2024 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа