Се преврте трактор – загина возачот

На 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

24.05.2024 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега