Се претставил како полициски инспектор и измамил жена за 398.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против 37-годишниот З.М. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР.

„На 15.05.2024, пријавениот ѝ се јавил на 76 – годишна жена, ѝ се претставил како инспектор во полиција во Охрид, при што ја известил дека нејзината внука направила сообраќајна несреќа во Охрид во која прегазила дете мигрант, чии родители барале пари. Истиот ден, кај оштетената дошло друго лице на кое таа му дала 398.000 денари“, соопшти МВР.

29.05.2024 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега