Се очекува Јован Митрески да седне на местото на Џафери во техничката влада
Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека денеска, додека се уште траел состанокот на ДУИ, претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ.
Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.
Инаку, денес ДУИ одлучи дека Џафери почнувајќи од 28 јануари ќе биде технички премиер.
Тој ќе ја предводи техничката влада во периодот до пред парламентарните и претседателските избори, одлучи раководството на неговата матична партија- ДУИ. Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Бујар Османи преку Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа