Нема конечен договор со банките за висината на каматите за Унгарскиот кредит

 

Премиерот Христијан Мицкоски, по средбта со претставниците на банките во врска со Унгарскиот кредит рече дека банкарите изразиле желба да учествуваат во целиот процес, но дека нема конечен договор во врска со каматите.

„Наредната недела ќе се преговара и конечно ќе имаме некаков став по ова прашање. Целта е камата да биде пониска за да може стопанството да добие помала камата“, рече Мицкоски.

Состанокот би го поделил во три дела и тоа

Првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, потенцираше во изјавата.

-Ќе почнам од вториот дел дека сакаат да учествуваат како Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови е несомнен и сите изразија желба да учествуваат во овој процес.

Во делот на рочноста заземавме исти, заеднички ставови, дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја котистиме формулацијата до три години грејс период и до 15 горини рок на отплата.

Бидејќи членките кажаа дека има поедини клиенти коишто можеби сакаат пократок рок и затоа велиме до три години и до 15 години отплата, додаде Мицкоски.

Во делот на каматата ќе се преговара и оваа недела, и очекувам до крајот на следната недела да се има некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и би отпочнеме да го аплицираме и да се пренесе на стопанството, изјави Мискоски.

17.11.2024 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега