Минималните температури од утре ќе се спуштат до 7 степени: Подгответе се за големо разладување
Времето утре сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
09.07.2025 - 15:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа