ФОТО ВЕСТ: Избегната голема трагедија - Падна фасада од десетти кат до приземје на зграда во Карпош
Денеска на улица „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Карпош, се урнала цела фасада од десетти кат до приземје на една зграда. На терен веднаш пристигнале инспектори кои вршат увид.
За среќа, избегната е многу поголема катастрофа. Како што јавува репортерот на Press24 од терен, една жена успеала да излезе од зградата само 30 секунди пред да падне фасадата.
09.07.2025 - 14:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа