Огнот се приближува до населено место - да се мобилизираме како заедница - Општина Крива Паланка испрати итен апел до сите граѓани

 


Општина Крива Паланка упатува итно апел до сите граѓани да се приклучат во борбата против големите пожари што ја зафатија општината. Огнената стихија се шири со голема брзина и претставува сериозна закана за домовите и безбедноста на жителите, особено во населеното место Лозаново, кон кое пожарот опасно се приближува.

„Мораме да дејствуваме веднаш! Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите! Секоја помош е од непроценливо значење – и секој човек значи разлика! Ова е момент за единство, солидарност и хуманост. Да се мобилизираме како заедница – за заштита на нашите домови и природа!“, стои во апелот од Општина Крива Паланка.

Се повикуваат сите доброволци да се јават кај надлежните служби на терен за координација. Вашата помош е клучна за надминување на оваа кризна ситуација.

09.07.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега