Нови детали за пијаниот скопјанец кој пукаше во познаник пред неговите синови и жена - познати се идентитетите

 

 

МВР објави нови детали за обидот за убиство, за кој вчера извести Јавното обвинителство.

Инцидентот се случил во Шуто Оризари, а познати се и идентитетите на сторителот и на жртвата.

-Вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје. Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката, велат од МВР.

Вчера ОЈО објави дека 46-годишниот А.И. пијан го собрал својот познаник и го однел дома, каде пукал во него пред неговите жена и двајца синови.

-На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница, велат од ОЈО.

17.11.2024 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега