СДСМ: Пропаднаа сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ

„Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени со рацете во медот и скандали, се обидуваат да го дефокусираат вниманието на јавноста.Предвремените локални избори кои се одржаа пред само еден месец ги потошија сите нарачани анкети“. Вака реагираат од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„ВМРО-ДПМНЕ загуби во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а значителен пад имаше на изборите за советници во општина Тетово.

Сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа на вонредните избори каде што Мицкоски загуби.

Ништо не може да ја дефокусира јавноста од тоа што ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија и од фактот што нивни партиски функционери беа фатени со рацете во медот во тендерот вреден 136 милиони евра наменет за пречистителна станица во Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.

29.09.2022 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега