СДСМ: Опасни и штетни за граѓаните се обидите на Мицкоски да го блокира Собранието

 

Очајните обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се блокира работата на Собранието во услови на сериозна светска пандемија на коронавирус е опасно, штетно, неодговорно и срамно однесување, велат во соопштение од СДСМ.

Од таму наведуваат дека немањето сопствен став, мерка или политика, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.

„Затоа бесрамно се обидуваат да блокираат носење на важни закони меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно застануваат спротивно од интересите на граѓаните,на стопанството, на државата. Очигледно дека очајот и нервозата кулминираат во ВМРО-ДПМНЕ откако јавноста дозна за одработувањето на Мицкоски за странски цели и интереси, па затоа поднесуваат илјадници нелогични амандмани преку кои се обидуваат да го блокираат Собранието. Залудни се обидите на Мицкоски. Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на ВМРО-ДПМНЕ може да ја забави, но нема да ја спречи функционалноста на институциите. 

Со или без ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе добијат функционално Собрание посветено на реформите важни за државата и граѓаните.“ стои во соопѓштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега