СДСМ: Ниското ниво на комуникација на ВМРО-ДПМНЕ зборува за ниското ниво на политичка култира и состојбата на Христијан Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време користи низок, некултурен и недоличен речник во јавната комуникација, полн со навреди и несоодветни квалификации на лична основа.
Ниското ниво на политичка култура манифестирана од оваа партија зборува за нив, за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и за состојбата во којашто се наоѓа Христијан Мицкоски.
Ваква реторика, го покажува ниското нивото на политичка култура на ВМРО-ДПМНЕ а ја потврдува нервозата и очајот во којшто се наоѓа Христијан Мицкоски.
СДСМ е одговорна партија, над ова ниво на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту партијата ниту претседателот Ковачевски нема да се спуштатат толку ниско. Нема да дозволиме политичката некултура да доминира во јавниот простор.
Центар за комуникации со јавноста СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа