СДСМ: Како на Див Запад, состојбата со безбедноста на улиците е катастрофално влошена

 


Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања, велат од СДСМ. 

„Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ и Мицкоски состојбата со безбедноста на улиците е алармантно и катастрофално влошена, криминалните пресметки се во голем пораст.   

Секојдневните крвави инциденти и пукања потврдуваат сериозно влошена безбедност на улиците и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и МВР.

Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка?

Над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ДПМНЕ. Ова е трето пукање за само еден месец, минатата недела беше повреден 19 годишен човек, претходно исто така имаше пукање со повредени момчиња од 19 години.  

Освен во Чаир, пукања имаше и во Арачиново, Батинци, Синѓелиќ, Пластичарска улица, Тетово, се случи убиство кај Мавровка и уште десетина други убиства.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, стои во соопштението на СДСМ.

15.10.2024 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега