СДСМ: И Арсовска кажа дека Мицкоски знаел детали за тендерот од 136 милиони евра, а тој молчи

Христијан Мицкоски упорно молчи за неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје, велат од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите. 
 
„Дури и неговата градоначалничка Данела Арсовска јавно кажа дека Мицкоски знаел детали од тендерот кој не би смеел да ги знае, но Мицкоски се уште молчи.
Тендери, влијанија и бизнис интереси, тоа му е единствено важно на шпицниот градоначалник Мицкоски.
Уште еднаш се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која нема намера да работи за граѓаните туку само да ги краде нивните пари“, стои во соопштението на СДСМ.
24.09.2022 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега