СДСМ: Граѓаните донесоа важна одлука, новата влада ќе ја води СДСМ, по Илинден следуваат постапки во законските рокови

На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“, се вели во соопштението на СДСМ.
„Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе.
Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија.
Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ.
Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции.
СДСМ им честита на граѓаните за демократскиот капацитет со кој донесоа јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години. 
Воедно, ја информираме јавноста дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.“, стои во соопштението.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2020 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега