Прескер: Следете го словенечкиот пример на економски, социјален и политички развој

Со економска конференција „Што ни донесе 20 години членство во ЕУ на економски план“ вечерва во Скопје се одбележува 20-годишното членство на Словенија во ЕУ. 

Како што изјави словенечкиот амбасадор Грегор Прескер за МИА, целта е да се претстават сите предности на Словенија како членка во ЕУ или што постигнале во овие 20 години  во ЕУ. - На пример економски напредок, реформите кои ги постигнавме, да направиме компарација како се живеело тогаш, а како се живее сега. Колку е подобро сега кога сме во ЕУ, повеќе од 20 години, и колкав напредок постигнавме, изјави Прескер пред почетокот на конференцијата.

Нашиот успех, како што рече, треба да се претвори во успех и на Северна Македонија.  - Северна Македонија да не прати во успехот и да постигне еднакво ниво на развој како што е во Словенија, посебно економски, социјален и политички развој, рече Прескер.

Тој истакна дека Словенија е добар пример. - Ние постигнавме многу, економијата се проширува, извозот се зголемува, сите економски параметри се подобри, имаме евро со кое е полесно да се прави бизнис во ЕУ, имаме повеќе инвестотиори зошто е полесно да се инвестира кога има евра... Тоа се неколку предности, подвлече словенечкиот амбасадор Прескер.

Организатори на конференцијата се Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски бизнисмени. На конференцијата се обрати проф. д-р Мојмир Мрак - економист и редовен професор на Универзитетот во Љубљана. 

22.05.2024 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега