Вулин до германската министерка Бербок: Вучиќ нема да стои мирно пред германските сили

 

„Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, внука на одликуваниот Валдемар, следбеник на Хитлер, им се заканува и уценува на претставниците на земјите кои нема да ги прогласат Србите за геноцидна нација“, рече вицепремиерот на Србија Александар Вулин во Техеран, реагирајќи на тоа што министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, им се заканува и ги уценува земјите кои нема да гласаат за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, пренесуваат српските медиуми.

„Германија, земја чие средно име е геноцид и холокауст, се обидува насилно да ја убие совеста на слободниот свет. Аналена е внука на нејзиниот дедо, таа е навикната да стои во место, пред силата на Третиот Рајх или обединета Германија. А Александар Вучиќ е внук на неговиот дедо, кој го убија германските сојузници, усташите. И Александар Вучиќ нема да застане мирно пред германската моќ. Колку и да им ја наметнува Аналена резолуцијата на бившите и сегашните колонии на Германија, вистината ќе остане дека таа е внука на нацист, а Александар Вучиќ е внук на жртвите од Јасеновац, а вистината ќе биде дека Германците се народ на геноцид, а Србите не, и нема сила сила што ќе го промени тоа“, рече Вулин.

22.05.2024 - 20:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега