СДСМ: Дали Мицкоски и Силјановска се согласуваат со ставовите на Ковачев?

 


И Гордана Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски си имаат слика на која гордо стојат покрај главниот негатор на македонскиот народ, јазик, историја, култура, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, велат од СДСМ.

„Сликите кажуваат многу. Тоа се кочничарите на иднината на Македонија.

Дали Мицкоски и Силјановска се согласуваа со ставовите на Ковачев , кој јавно тврдеше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

09.03.2024 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега