СДСМ: 3,5 милијарди евра капитални инвестиции


СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти, стои во соопштението на СДСМ.

„Еден од столбовите на програмата е силна домашна економија, економски раст, продолжување на поддршката за компаниите.

Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.

180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство.

Новата влада на СДСМ обезбедува економски просперитет, силна домашна економија, нови работни места, раст на платите и пензиите“, велат од СДСМ.

28.03.2024 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега